Будимпешта: Состанок на шефовите на парламентите на ЕУ и Западен Балкан

Претседателот на Европскиот парламент Пат Кокс денеска во Будимпешта го отвори состанокот со првите луѓе на парламентите на новите земји членки на Европската Унија и на земјите од Западниот Балкан. Главна тема на состанокот е ситуацијата во Европската Унија пред проширувањето и парламентарната соработка меѓу новата Унија и државите од Западниот Балкан. Кокс оцени дека процесот на проширување на Европската Унија треба да продолжи и во иднина.