Вашингтон: Буш се очекува да покрене независна истрага за американското разузнавање во Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш се очекува неделава да воспостави независна истрага за неуспехот на американското разузнавање во Ирак. Притисокот за истрага е зголемен откако поранешниот шеф на американската инспекција за оружје Дејвид Кеј изјави дека по се изгледа оти Ирак не поседува оружје за масовно уништување.