Багдад: Ненајавена посета на американскиот заменик секретар за одбрана Пол Волфовиц

Американскиот заменик секретар за одбрана Пол Волфовиц допатува во ненајавена посета на Багдад, каде што ќе разговара со американските офицери во врска со ситуацијата во Ирак. Волфовиц претходно во Германија ги посети американските војници кои ќе бидат распоредени во Ирак, како дел од големата ротација на американските сили.