Багдад: Петнаесетина жртви во два напади во последните 24 часа во Ирак

Двајца бомбаши самоубијци предизвикале екполизии во канцелариите на две курдски партии во северен Ирак, при што најмалку 10 луѓе загинале. Како што јавува Ројтерс, меѓу загинатите е и заменик гувернерот на провинцијата Арбил. Во синоќешната експлозија на граната во еден стамбен кварт во Багдад, каде што главно живеат палестински бегалци, загинале 5 лица, а повеќемина биле повредени. Вчера во различни инциденти во Ирак загинаа 18 луѓе.