Вашингтон: НАТО ќе прифати поголема улога во Ирак ако побараат Ирачаните

Генералниот секретар на НАТо Јап Де хоф Схефер по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш во Вашингтон изјави дека Алијансата ќе прифати поголема улога во Ирак, доколку тоа го побараат ирачаните кога ќе ја превземат власта во земјата. Претставници на НАТО ја разгледуваат и можноста полскиот контингент во Ирак да биде ставен под нивна команда.