Манила: Осум загинати и 19 повредени во сообраќајна несреќа

Осум лица загинаа, а 19 се повредени во судар на два автобуси што се случи денеска на автопат во провинцијата Замбалес во северниот дел на Филипините. Полиција соопшти дека несреќата се случила кога еден од возачите на автобусите се обидел да заобиколи трактор кој се движел по автопатот.