Лондон: Денеска објавување на извештајот за самоубиството на Дејвид Кели

Британскиот судија Лорд Брајан Хатон денеска треба да го објави долго очекуваниот извештај за самоубиството на високиот владин експерт за ирачкото оружје Дејвид Кели. До ова самоубиство дојде откако беше откриено дека Кели бил изворот за вестите на Би Би Си во кои се наведуваше оти владата на Тони Блер ги преувеличувала заканите од ирачкото оружје. Таблоидот Сан денеска пишува дека добил делови од извештајот на Хатон во кои, меѓу другото, се наведувало дека премиерот Блер немал никаква одговорност за самоубиството на Кели.