Брисел: Денеска ќе заседава Советот Русија - НАТО

Денеска во Брисел ќе заседава Советот Русија – НАТО, на ниво на амбасадори. Тоа е прво заседание на овој совет со учество на новиот генерален секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер, а покрај редовните прашања за меѓусебната соработка, според некои најави, ќе стане збор и за затворањето на руските бази во Грузија.