Багдад: Еден американски војник убиен ноќва во Ирак

Еден американски војник во текот на ноќта е убиен во Ирак. Портпаролот на американската војска соопшти дека еден војник на 4 пешадиска дивизија бил тешко ранети во еден напад извршен во градот Бејџи источно од Багдад, по што истиот им подлегнал на раните. 5 други војници и 4 ирачани исто така се убиени во оделни напади што се случија во Ирак. Во Каладија западно од Багдад во експлозија на автомобил бомба загинале 3 американски војници а двајца други биле убиени кога нивниот конвој поминувал во Фалужа при што била активирана експлозивна направа.