Куманово: Ослободен Архан Бајрами поради недостиг докази

Кумановскиот суд, поради недостиг од докази, денеска го ослободи од обинението Архан Бајрами, на кого му беше судено за учество во поставувањето на против-тенковската мина на локалниот пат Сопот – Сушево во март минатата година, кога загинаа три лица, меѓу кои и двајца полски војници. Кумановскиот суд кон крајот на минатата година, за истото дело, ги осуди на по 10 години затвор, Сулејман Сулејмани и Самит Љутвии од село Сопот.