Анкара: Посета на германскиот шеф на дипломатијата

Шефот на германската дипломатија Јошка Фишер денеска во Анкара ќе разговара со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Фишер вчера повтори дека Турција треба да ги спроведе реформите пред се во сферата на човековите права, ако сака да влезе во Европската Унија.