Москва: Каспаров оцени дека претседателските избори во Русија се однапред одиграна фарса

Рускиот шаховски шампион Гари Каспаров кој преседава со рускиот либерален Комитет – 2008 оцени дека претседателски избори во Русија закажани за 14 март се однапред одиграна фарса и дека демократијата е само параван за прикривање на арбитрарната власт. Комитетот – 2008 е формиран со цел да се одбрани демократијата и спречи натамошното владеење на претседателот Владимир Путин.