Багдад: Најмалку 35 Ирачани загинаа во експлозија пред седиштето на коалиционите сили

Најмалку 35 Ирачани загинаа во денешниот бомбашки напад во Багдад, кога автомобил-бомба експлодира пред претседателската палата во градот, каде се наоѓа седиштето на коалиционите сили, изјави началникот на багдадската полиција, Хасан ал Обеиди. Тој истакна дека полициските автомобили досега превезле 48 од ранетите лица во различни болници во Багдад, а останатите повредени биле транспортирани со приватни возила. Американскиот цивилен администратор во Ирак Пол Бремер, кој во моментов е во САД на разговори со генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, изјави дека бомбашкиот напад во Багдад е „нов доказ за убиствените и циничните планови на терористите да ги спречат слободата, демократијата и прогресот во Ирак“.