Бомбај: 75 илјади активисти против глобализацијата на Светски совијален форум

Околу седумдесет и пет илјади активисти кои се противат на глобализацијата од денеска во Бомбај ќе учествуваат на четвртиот Светски социјален форум. На шестдневниот состанок ќе се разговара за, како што наведуваат тие, опасноста од империјалистичката глобализација, меѓународната безбедност и човековите права.