Стокхолм: Започнува судењето на Миајловиќ, обвинет за убиство на Ана Линд

Во Стокхолм денеска започна судењето на Мијаило Мијаиловиќ, кој е обвинет за убиството на шведската министерка за надворешни работи Ана Линд. Неговиот адвокат изјави дека нема политички мотив за убиството и оти ќе бара психатриска проценка на здравствената состојба на Мијаиловиќ, кој го призна убиството велејки дека тоа му го наредил некој глас во главата, за кој сметал дека е Исус. Максималната казна што може да ја добие обвинетиот е доживотен затвор, што во Шведска значи околу 15 години.