Монтреј: Буш објави дека и Канада ќе учествува во обновата на Ирак

На самитот на американските држави во Монтереј, Мексико, американскиот претседател Џорџ Буш објави дека и Канада ќе може да учествува во работите околу обновата на Ирак. Досегашниот став на Вашингтон беше дека во обновата ќе учествуваат само земјите кои испратија свои војници во таа земја. Ианку, на самитот е договорено формирање на слободна економска зона на двата американски континента.