Лондон: Британскиот доктор Харолд Шиман пронајден обесен во својата ќелија

Британскиот доктор Харолд Шипман, инаку еден од најголемите сериски убијци во таа земја, денеска бил пронајден обесен во неговата затворска келија. Според новинските агенции, станува збор за самоубиство. Шипман беше осуден на доживотен затвор поради убиство на петнаесет жени. Постои сомневање дека Шипман во периодот од илјада деветстотини седумдесет и петтата до илјада деветстотини деведесет и осмата година убил најмалку двесте и десет пациенти со хероински инекции.