Сараево: Продолжува потрагата по лицата што сториле воени злосторства

Акцијата за потрага по лицата обвинети за воени злосторства и нивните помошници која ја спроведуваат меѓународните сили за стабилизација (СФОР) во Босна и Херцеговина на Пале продолжи и денеска претпладне, информираа властите во Сараево. СФОР акцијата ја почна вчера наутро, а во текот на ноќта беа поставени повеќе пунктови на приодните патишта и во градот.