Скопје: Литургија во соборниот храм

Во присуство на голем број православни верници во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје се одржа златоустова литургија за раѓањето Христово Божиќ со која богослужеше поглавоарот на Македонската православна црква господин господин Стефан. Рождеството Христово како настан е најсовршеното дело на божјата љубов и него можеме да го доживееме само преку љубовта во нас. Само тој што ги сака другите, тој е со господа, се вели во божиќната порака на господин господин Стефан.