Њујорк: Мајкл Арад победи на конкурсот за изградба меморијален центар

На меѓународниот конкурс за изградба на меморијалниот центар по повод терористичките напади во Њујорк победи американскиот архитект Мајкл Арад. Според неговиот нацрт на местото на Светскиот трговски центар ќе има два плитки базена оградени со ѕидови на кои ќе бидат испишани имињата на жртвите. На конкурсот пристигнаа пет илјади нацрти.