Атина: Симитис треба да објави оставка на функцијата претседател на ПАСОК

Грчките медиуми јавуваат дека премиерот Костас Симитис денеска би требало да ја објави својата оставка на функцијата претседател на владејачката социјалистичка партија ПАСОК. Се додава дека таа функција ќе ја преземе министерот за надворешни работи Јоргос Папандреу кој би требало на социјалистите да им обезбеди подобра позиција пред пролетните парламентарни избори во Грција.