Брисел: Авганистан приоритет на НАТО

Новиот генерален секретар на НАТО Јап Де Хоп Шефер на својот прв работен ден на оваа функција, изјави дека моментален приоритет на алијансата е Авганистан, а оти американскиот предлог НАТО да ја превземе воената улога во Ирак ќе почека. Шефер изрази надеж дека ќе биде вратено единството во НАТО, кое беше нарушено околу војната во Ирак.