Багдад: Посета на бугарскиот министер за одбрана и шефот на генералштабот

Бугарскиот министер за одбрана Николај Свинаров и шефот на генералштабот Никола Колев престојуваат во Ирак со цел да се запознаат со безбедносната ситуација откако во саботата во напад на бунтовниците загинаа четворица буграски војници. Во нападот беа повреди уште четворица бугарски војници кои веднаш од Багдад беа префрлени во една американска воена болница во Германија. Бугарскиот премиер Симеон вчера го прекина одморот во Шпанија и се врати во Софија. Притоа тој изјави дека Бугарија нема да се откаже од својата мисија во Ирак.