Кина: Напори да се задржи испуштањето на токсичниот чад

Кинеската агенција Хсинхуа јави дека се уште се прават напори да се задржи испуштањето на смртоносниот токсичен чад по завчерашната експлозија во едно природно наоѓалиште на гас во југозападна Кина. Според последните официјални податоци, билансот на жртвите изнесува скоро двесте луѓе, додека триста се хоспитализирани. Кинеските власти од таа област веќе евакуираа неколку десетици илјади луѓе. Засега не се познати причините за експлозијата на гасот.