Иран: Голем број загинати и повредени во силен земјотрес

Во земјотресот што денеска го погоди југоисточен Иран има голем број загинати и повредни. Гувернерот на провинцијата Керман, Мохамед Али Карими изјави дека од земјотресот со сила од шест запирка три степени според Рихтеровата скала, посебно бил оштетен градот Бам, кој се наоѓа на околу илјада километри југоисточно од Техеран. Иранската телевизија јави дека шеесет насто од куќите во Бам биле урнати, при што загинале или биле затрупани многу луѓе додека спиеле. Имено, земјотресот се случил околу пет часот и триесет минути по иранско време.