Пакистан: Втор обид за атентат на Мушараф за две недели

По втор пат за две недели е извршен обид за убиство врз претседателот на Пакистан Первез Мушараф, јавија агенциите. Автомобил бомба односно пик-ап камион експлодирал во близина на полициска станица во градот Равалпинди само неколку секунди откако на тоа место минал конвојот на претседателот. Во експлозијата најмалку седум лица загинале, а повеќемина се повредени. Претседателот Мушараф е неповреден, соопшти Пакистанското министерство за внатрешни работи. Во истиот град на речиси истото место на 14 декември експлодираа две бомби исто така само неколку секунди откако колоната со претседателот Мушараф го мина мостот во Равалпинди.