Пекинг: Кина забрани увоз на говедско од САД

Кина им се приклучи на државите кои го забранија увозот на говедско месо од Соединетите Држави, по сомневањата за кравјо беснило во државата Вашингтон каде што умре една крава со позитивни резултати од оваа болест. Јапонија, Мексико и Јужна Кореја, најголеми купувачи на говедско месо од Соединетите Држави исто така го забранија увозот.