Анкара: Пронајдени телата на четворица имигранти од потонатиот брод

Грчки ферибот синоќа пронајде тела на четворица илегални имигранти кои заедно со уште 50-тина други патувале со турскиот брод, кој во претходната ноќ потона во близина на грчкиот остров Родос во Егејското Море. Имигрантите, меѓу кои имало Јорданци, Ирачани и Авганистанци, се качиле на бродот во близина на турското одморалиште Мармарис и се упатиле кон Грција.