Блиски Исток: Разочараност на палестинскиот премиер од говорот на Шарон

Палестинскиот премиер Ахмед Куреи изрази разочараност од говорот на израелскиот премиер Ариел Шарон во кој најави унилатерален чекор за одвојување од палестинците доколку не се случи брза акција за примена на американскиот мировен план. Вашингтон побара од Шарон да не презема еднострани чекори надвор од мировниот план и ги повика двајцата премиери да одржат итна средба.