Наблус: Загинаа пет вооружени Палестинци во судир со израелската војска

Пет вооружени Палестинци загинаа рано изутринава во судири со израелската војска во градот Наблус, соопштија палестински извори. Четири палестинци загинаа во текот на ноќта во борбите кои се водеа внатре во Наблус. Петтиот, кој е припадник на Исламски Џихад, е убиен додека се обидувал да им подметне бомба на израелските сили, изјавија палестински преставници.