Брисел: Робертсон за последен пат претседава со Северноатлантскиот совет

Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон денеска за последен пат ќе претседава со Североатлантскиот совет, највисоко дело на алијансата. Џорџ Робертсон на триесет и први декември оваа функција ќе му ја предаде на холандскиот дипломат Јап Хуп Схефер. Робертсон ќе работи во една приватна британска компанија за телекомуникации.