Хаг: Сведочење на Весли Кларк против Милошевиќ

Поранешниот командант на НАТО Весли Кларк денеска, зад затворена врата, сведочи на судскиот процес против Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал за воени злосторства. Кларк по пристигнувањето во Хаг изјави дека се сретнал со Милошевиќ пред Косовска војна и оти бил и дел од американскиот тим на Дејтонските преговори.