Мадрид: Шпанија и Мароко ќе градат тунел под Средоземното Море

Шпанија и Мароко се договорија за изградба на тунел во должина од 39 километри под Средоземното Море кој ќе ги поврзува двете земји со железнички сообраќај, соопшти синоќа шпанското Министерство за развој. Тунелот ќе поминува под Гибралтар, на длабочина од околу 300 метри.