Тајпеј: Почина шефот на дипломатијата на Филипините

Министерот за Надворешни Работи на Филипините 75 годишниот Блас Опле, умре доцна синоќа од срцев удар, откако неговиот авион во кој се наоѓал беше принуден да слета во Тајпеј за да му се пружи медицинска помош. Министерот почина доцна синоќа во авион на релацијата Токио Бангкок, додека се враќал од Самитот на Асоцијациите на југоисточните земји на Азија, изјави портпаролот на Тајванското Министерство за Надворешни Работи.