Американскиот пратеник за Блискиот Исток Дејвид Сатерфилд денеска во близина на Ерусалим се состана со палестинскиот премиер Ахмед Куреи. Дејвид Сатерфилд и пратеникот на Обединетите Нации Терје Ларсен се во регионот во обид да го обноват блискоисточниот мировен процес. Ларсен вчера изјави дека постои можнност за продолжување на разговорите меѓу израелските и палестинските преговарачи.