Вашингтон: Буш го потпиша законот за санкции спрема Сирија

Американскиот претседател Џорџ Буш соопшти дека го потпишал законот со кој Соединетите Држави воведуваат економски и политички санкции спрема Сирија. Во минатиот месец, американскиот конгрес ги одобри санкциите поради тоа , како што беше наведено, Сирија го поддрува тероризмот. Според законот, Вашингтон би можел да воведе рестрикции на американските инвестиции во Сирија и да ги замрзне сириските финансиски средства во соединетите Држави.