Брисел: Лидерите на ЕУ ги продолжија разговорите за новиот устав

Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел ги продолжија меѓусебните билатерални разговори, зад затворена врата, со цел да изнајдат консезус за првиот европски устав. На првиот ден од самитот, тие успеаа да се договорат за формирање штаб за планирање на одбрана кој ќе биде независен од НАТО и за шемата за зголемување на инвестирањето во Унијата. Но, и натаму останува проблемот меѓу малите и големите земји околу начинот на донесување одлуки во европските институции. Според последните информации од Брисел, можно е во текот на денов да биде изнајдено компромисно решение за проблемот.