Вашингтон: Буш го потврди ставот на САД за учество на фирми во обновата на Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш повтори дека во работите околу обновата на Ирак ќе учествуваат фирми од земји кои учествуваат во сојузничката коалиција и чии војници ги ризикуваат животите за стабилизирањето на ситуацијата во таа земја. Ваквата американска одлука ја критикуваа Германија, Франција, Русија и Кина, како и генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан.