Милано: Глобалното затоплување - реалност

На конференцијата на Обединетите Нации за климатските промени што се одржува во Милано беше предупредено дека глобалното затоплување е веќе реалност. Тоа е објаснето со интензитетот и фреквенцијата на екстремните временски состојби како што се например зачестените летни жештини во Индија и Европа и бурите во Северна Америка. Загубите предизвикани од ваквите временски природни катастрофи изнесуваат над шеесет милијарди долари годишно.