Мерида: Загубите од корупцијата пет проценти од светската економија

Светската Банка објави дека загубите што ги предизвикува корупцијата изнесуваат пет проценти од економијата во светот или околу еден запирка пет трилиони долари. Ова беше соопштено на конференцијата на Обединетите Нации против корупцијата што се одржа во мексиканскиот град Мерида. На состанокот осумдест и седум држави ја потпишаа првата Конвенција на Обединетите Нации за борба против овој вид криминал. За да стапи во сила оваа конвенција треба да биде ратификувана од миниму триесет земји.