Атина: Две експлозии во Атина и една во Солун

Денеска, како што јави грчкото државно радио, две експлозии одекнале во Атина, а една на пристаништето во Солун. Во експлозиите, предизвикани од подметнати бомби, немало повредени и била причинета минимална материјална штета. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но полицијата се сомнева дека ги извршиле симпатизери на организацијата Седумнаесетти ноември. Вчера обвинителот во Атинскиот суд побара четириесет и четри казни доживотен затвор за петтнаесетемина обвинети дека се припадници на оваа организација.