Тбилиси: Посета на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд денеска допатува во Грузија. Тоа е прва посета на еден висок американски претставник од смената на власта во таа земја. Грузија е стратегиски партнер на Соединетите Држави, бидејќи преку нејзина територија треба да мине нафтоводот од Касписко море до западните пазари.