Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО

На денешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел европските атлански сојузници ќе разговараат со американскиот државен секретар Колин Пауел за плановите на Европската Унија да создаде сопствени воени сили. Минатиот викенд министрите на Унија донесоа одлука за засилување на способноста на Унијата за самостојно преземање воени мисии.