Багдад: Уапсени 54 лица во акција против ирачките герилци

Американските сили денеска соопштија дека во најновата акција против герилците во северен и централен Ирак биле уапсени 54 луѓе. Целта на акцијата била да се уапси и еден од главните соработници на соборениот претседател Садам Хусеин, Изет Ибрахим Ал Дури, кој е осомничен за организирање на нападите против сојузничките сили во Ирак, но тој не бил пронајден.