Њујорк: Анан ги повика САД за поголема соработка со другите држави во решавањето на светските пробле

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ги повика Соединетите Држави да обрнат поголемо внимание на соработката со другите држави во решавањето на светските проблеми. Анан оцени дека постои подршка за американското лидерство во светот, но оти тоа ќе биде уште по прифатливо доколку Соединетите Држави дејствуваат мултилатерално, низ дијалог и со зајакнување на меѓународните закони.