Мастрихт: Пауел бара Русија да се приджува на договорот за повлекување на војниците од Молдавија

Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска на заседнието на ОБСЕ во Маастрихт побара од Русија да се придржува кон претходнот договор за повлекување на своите трупи од Молдавија. Москва, со посредство на ОБСЕ, пред шест години се согласи на ова повлекување од регионот Трансдњестар кое требаше да биде изведено лани. Русија неодамна предложи војниците да останат до две илјади и дваесетата година што предизвика анти руски и анти владини протести во Молдавија.