Литванија: Парламентот расправа за импичмент на претседателот Паксас

Литванскиот парламент денеска решава дали да покрене импичмент против шефот на државата Роландас Паксас поради обвинувњата дека тој бил поврзан со криминални групи од Русија. Литванската разузнавачка служба објави дека Паксас и некои негови соработници имал врски со руската мафија со што се доведува во опасност безбедноста на земјата. Премиерот Алгирдас Бразаускас вчера побара од Паксас да поднесе оставка.