Брисел: Излагање на македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски

Македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски на денешниот состанок на Евроатлантскиот партнерски Совет во Брисел имаше излагање на тема ,,Улогата на партнерството во одбранбените реформи од Прашкиот до Истанбулскиот самит,,. Притоа, тој се заложи на зацврстување на соработката на Советот на НАТО со земјите аспиранти за членство. На синоќешната средба со министерот Владо Бучковски, американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, како што е соопштено, оценил дека Македонија со учеството во мисијата во Ирак застанала на страната на мирот, демократијата и глобалната борба против тероризмот и го втемелила партнерството со американскиот народ. Секретарот Рамсфелд оценил дека регионалната соработка во рамките на Јадранската група претставува клуч за влез во колективните безбедносни системи.