Вашингтон: Посета на премиерот Црвенковски

Соединетите Држави ќе им дадат поддршка на аспирациите на Македонија за вклучување во евроатлантските структури, изјави македонскиот премиер Бранко Црвенковски, по синоќешната средба во Вашингтон, со американскиот потпретседател Дик Чејни. Претходно, премиерот Црвенковски имаше средби со државниот секретар Колин Пауел и со секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд. Пауел, по сребата, изјави дека е најбитно, во напорите за приближување кон НАТО, Македонија да го продолжи спроведувањето на Акциониот план за реформи на нејзината армија. Државниот секретар Колин Пауел уште еднаш изрази благодарност за учеството на Македонија во глобалната антитерористичка коалиција. Премиерот Црвенковски денеска во Њујорк треба да се сретне со генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан.