Виена: САД, Британија, Франција и Германија постигнаа согласност за Иран

Британија, Франција и Германија постигнале компромис со Соединетите Држави за текстот на нацрт резолуцијата на Агенцијата за атомска енергија на Обединетите Нации за нуклеарната програма на Иран. Во нацртот за кој ќе се расправа утре во Виена, е наведена индиректна закана за Техеран од Советот за безбедност доколку бидат пронајдени нови докази за тајни нуклеарни активности.